После тоа, самиот се јавил во полиција, но и на нивната мајка, на која ѝ го покажал телото на својата сестра, објави Матино.
Винченцо Рикарди (25) ја убил својата сестра Ноеми Рикарди (23), нанесувајќи ѝ неколку убодни рани по телото. Злосторството се случило во покраината Неапол.
По убиството, младиот човек самиот се јавил во полиција, велејќи дека „ја избодев сестра ми“. Сепак, потоа ја повикал нивната мајка, која не била дома во времето на злосторството, и ѝ го покажал безживотното тело на својата сестра.
Кога полицијата влегла во куќата, го пронашла младиот човек кој признал дека е убиецот и рекол дека имал „напад на лудило“.
Тој бил уапсен и приведен, а телото на девојката било испратено на обдукција.
Братот и сестрата живееле со нивната мајка во станот, каде што полицијата го пронашла ножот.
Соседите се во шок по бруталното убиство. Според извештаите на медиумите, двајцата биле лекувани во установа за ментално здравје.

