Полицијата го уапси менаџерот на фабриката, додека сопственикот е во бегство, пишува АП њуз.
Причината за експлозијата сè уште е непозната. Според локалниот функционер Раџа Џахангир, детонацијата сериозно ја оштетила зградата на фабриката и околните куќи, предизвикала пожар во фабриката и проширила паника низ целата област.
Истрагата е во тек
Локалниот полициски службеник Мохамед Аслам потврди дека истрагата е во тек. Главниот министер на Пенџаб, Меријам Наваз Шариф, изрази сочувство до семејствата на жртвите и им нареди на надлежните служби да обезбедат најдобра можна медицинска грижа за сите повредени.
Чести несреќи поради лошите стандарди
Индустриските несреќи и пожарите во фабриките се вообичаени во Пакистан, главно поради лошите безбедносни стандарди. Минатата година, десетина работници беа повредени во слична експлозија на котел во текстилна фабрика во истиот град, Фајсалабад. Исто така, минатата недела, четири лица беа убиени во експлозија во фабрика за пиротехнички материјали во пристанишниот град Карачи.

