Судирите помеѓу двете соседни земји продолжуваат и денеска, Кабул соопшти дека денеска зазел уште една пакистанска позиција во регионот Кандахар.
Додека Исламабад тврди дека пакистанските сили уништиле воена база во авганистанската покраина Нангархар.
И Авганистан и Пакистан тврдат дека од почетокот на судирите убиле десетици војници и нанеле голема штета врз воените објекти на другата страна.
УНАМА повика на прекин на борбите поради што во Авганистан се раселени околу 16.400 домаќинства.

