Веста доаѓа во време кога војната на Блискиот Исток доведува до нагло зголемување на цената на ова гориво.
„Шеврон Австралија“ работи на обновување на производството во своите постројки за гас „Горгон“ и „Витстоун“ по прекините во производството, се вели во соопштението на компанијата. Двете постројки обезбедуваат околу пет отсто од светскиот течен природен гас.
Циклонот, исто така, го погоди и производствениот погон „Карата“ на компанијата „Вудсајд“ во државата Западна Австралија.

