Цените на нафтата пораснаа на повеќе од 115 долари за барел

30.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цените на нафтата пораснаа на повеќе од 115 долари за барел

Цената на суровата нафта од марката „брент“ изнесува 115,84 долари, што е зголемување од 2,9 отсто во однос на цената од петокот, пренесува Би-Би-Си.

Цената на таа нафта по барел беше околу 72 долари пред 28 февруари, кога почнаа американските и израелските напади врз Иран.

Минатата недела цената на нафтата од марката „брент“ го достигна својот врв од 118 долари по барел на 19 март, а од петокот попладне беше нешто под 112 долари, што е значително повисоко во споредба со цената пред почетокот на војната. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата