Трамп со предупредување до Тајван, островот со одговор веќе сме суверена земја

16.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп со предупредување до Тајван,  островот со одговор веќе сме суверена земја

Трамп  за Fox News, изјави дека „не сака никој да прогласува независност“ и повтори дека американската политика кон Тајван останува непроменета. Тој исто така кажа  дека не сака конфликт со Кина, туку сака сите страни да се смират, а војна вели тој не сака ниту кинескиот претседател 

Во мегувреме  кинеските државни медиуми објавија  дека Си за време на разговорите предупредил дека прашањето за Тајван е најважно во односите меѓу Кина и САД, и дека секое погрешно менаџирање на оваа тема може да доведе до директен судир меѓу двете суперсили. Претседателот на Тајван, Лаи Чинг Те, претходно изјави дека островот нема потреба формално да прогласува независност бидејќи веќе се смета за суверена држава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата