Трамп повторно со критики кон Велика Британија

27.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп повторно со критики кон Велика Британија

Трамп изјави дека е „многу разочаран“ од одбивањето на Лондон да дозволи користење на своите бази на почетокот на американско-израелските напади врз Иран.

Осврнувајќи се на заедничката американско-британска база на островот Диего Гарсија, тој рече дека не им било дозволено слетување на американските бомбардери Б-2, поради што морале да летаат 17 дополнителни часа назад до базата во американската сојузна држава Мисури.

„Тоа не е добро. Направија голема грешка“, изјави Трамп, додавајќи дека Стармер е „одличен човек“, но дека „не сакал да помогне“.

Трамп со дополнителни критики и тоа за ги британските носачи на авиони. Ги нарече „играчки“ во споредба со американските, со саркастичен коментар дека ќе бидат испратени на Блискиот Исток „по завршувањето на војната“.

Тој нагласи дека планираната државна посета на Крал Чарлс Трети на САД ќе се одржи, независно повиците за нејзино одложување поради кризата на Блискиот Исток. Се очекува кралот и кралицата Камила да ги посетат Вашингтон и Њујорк во април, по повод 250-годишнината од американската независност. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата