Трамп нема да оди на третата свадба на синот, поради обврски во Белата куќа

23.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп нема да оди на третата свадба на синот, поради обврски во Белата куќа

„Иако многу сакав да бидам покрај мојот син Дон Помладиот и најновиот член на семејството Трамп, неговата идна сопруга Бетина, околностите поврзани со управувањето на земјата и мојата љубов кон САД не ми дозволуваат да присуствувам. Сметам дека е од клучна важност да останам во Белата куќа во овој толку важен момент“, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа „Трут Сошл“.

Свадбената церемонија ќе се одржи викендов на мал остров на Бахамите, а третата сопруга на Трамп Јуниор ќе биде Бетина Андерсон, истакната претставничка на високото општество од Палм Бич на Флорида.

Со претходната сопруга Ванеса, актерка и поранешен модел, беше во брак 12 години и заедно имаат пет деца, пред таа да поднесе барање за развод во 2018 година. Потоа, тој беше верен со познатото американско тв-лице Кимберли Гилфојл, со која се раздели во 2024 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата