Министерството за надворешни работи на Тајван потврди дека Лаи е „подготвен да разговара“ со Трамп и дека тој ќе нагласи дека Кина го нарушува мирот во Тајванскиот теснец, додека тајванските власти се обидуваат да го зачуваат статус кво.
Тајван изјави дека претседателот останува посветен на одржување на стабилен статус кво во регионот, но е отворен и за размена на мислења со САД.
Лидерите на САД и Тајван не разговарале директно од 1979 година, кога Вашингтон ги прекина официјалните односи со Тајван за да ја признае владата во Пекинг. Трамп:
-Ќе разговарам со него. Разговарам со сите, порачува Трамп.
Пекинг го смета Тајван за своја територија и не ја исклучи можноста да го земе со сила. Лаи, кој ја презеде функцијата во 2024 година, стои зад еден од најенергичните обиди во последните години за зајакнување на одбраната на островот. САД долго време го поддржуваат Тајван и се законски обврзани да му обезбедат средства за да се одбрани, но мора да ја избалансираат таа поддршка со одржување на дипломатски односи со Кина.
На прашањето дали планира да разговара со Лаи пред да донесе одлука за продажба на оружје на САД, Трамп рече: „Ќе разговарам со него. Ќе разговарам со сите... Ќе работиме на тоа, на прашањето за Тајван.“ Трамп го опиша својот однос со кинескиот претседател Си Џинпинг како „неверојатен“ по дводневниот самит во Пекинг минатата недела.

