Трамп ги одложи нападите врз Иран, цената на нафтата падна за 14 проценти на светските берзи

23.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп ги одложи нападите врз Иран, цената на нафтата падна за 14 проценти на светските берзи

 Во објава на социјалните мрежи, Трамп вели дека во моментов со Иран се одржуваат продуктивни разговори, а дека на министерството за одбрана му наложил да ги одложи сите воздушните напади врз иранските елекрани во период од пет дена, освен ако како што напиша, не успеат тековните средби и дискусии.

-Со задоволство може да известувам дека Соединетите Американски Држави и државата Иран имаа многу добри и продуктивни разговори во последните два дена за целосен и комплетен крај на нашите непријателства на Блискиот Исток. , напиша Трамп, на социјалната мрежа „Truth social“.

Техеран пак, како што објави иранската новинска агенција, Фарс, демантира постоење каква било директна или индиректна комуникација со Вашингтон, потенцирајќи дека Трамп се повлекол пред заканите на Иран дека ќе возврати на енергетската инфраструктура во целиот регион, како одговор на најавите на американскиот претседател дека ќе ги уништи иранските електрани, ако Иран за две дена не го отвори Ормускиот теснец. Техеран денеска се предупреди и дека ќе постави морски мини на пристапните рути во Персискиот залив.

-Ормускиот теснец ќе остане целосно затворен се додека не се возобноват сите наши уништени електрани. Се е подготвено за голем џихад со цел да се уништат сите американски економски интереси на Блискиот Исток. , изјави Ебрахим Золфагари, портпарол на ирачката војска .

Пораката на Трамп експресно се одрази на цената на нафтата, која падна за 13 проценти. Суровата нафта од типот Брент од 114 потона на 96 долари за барел, а по утринскиот драстичен пад, пораснаа европските и азиските берзи. Пресвртот следи и по драматичното обраќање на првиот човек на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол, кој процени дека актуелната глобална криза е еквивалентна со вкупните последици од двете енергетски кризи во 70-тите и ефектите од руската инвазија во Украина заедно. 

Двете последовни нафтени кризи во 1970-тите, односно во 1973-та и 1979-та. Во тој период во секоја криза, светот губеше по пет милиони барели дневно. Двете кризи по 10 милиони барели дневно. Денеска губиме по 11 милиони барели дневно. Значи, повеќе од двата големи нафтени шока заедно. , изјави Фатих Бирол, шеф на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Бирол предупреди дека во моментов најмалку 40 енергетски извори во регионот на Персискиот Залив се сериозно или многу сериозно оштетени, што дури и евентуален прекин на конфликтот нема да може брзо да го врати снабдувањето со енергија во нормална состојба.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата