Наводите на „Њујорк тајмс“ дека ирански разузнавачи тајно контактирале со американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) за завршување на војната се целосно неточни и претставуваат воена психолошка операција, објави иранската новинска агенција Тасмин, повикувајќи се на неименуван извор од иранското Министерство за разузнавачки служби.
„Њујорк тајмс“ објави дека иранските разузнавачи, еден ден по американско-израелскиот напад врз Иран, преку разузнавачки агенции на трета земја, понудиле разговори за условите за прекин на судирите.
Иран не се двоуми од казнување на непријателите, а таквите лажни вести покажуваат растечко чувство на фрустрација кај Американците на воениот фронт, изјави неименуван ирански извор за Тасмин.

