Татко во Пакистан до смрт го претепал синот со лопата, зашто се дружел со трансродови лица

3.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Татко во Пакистан до смрт го претепал синот со лопата, зашто се дружел со трансродови лица

Маж во јужниот град Карачи прво го нападнал својот син со шлаканица, а потоа го претепал до смрт со лопата, изјави локалниот началник на полицијата Шер Мохамед.

Полицијата го уапсила човекот претходниот ден, а тој го признал своето злосторство. Тој им рекол на истражителите дека бил бесен на својот син затоа што го отфрлил неговиот совет да се држи подалеку од трансродовите лица. „Бев лут затоа што мојот син беше пријател со валкани луѓе и го доведе семејството на лош глас“, го цитирал началникот на полицијата таткото.

Трансродовите лица во Пакистан често се исфрлени од своите семејства и се омразени во општеството, а државата ги игнорира, пишува ДПА. Тие живеат осамен живот на маргините на општеството, а голем број од нив се занимаваат со проституција. Злосторства од омраза како што се убиства, киднапирања и силувања се чести против членовите на таа заедница, пренесува ДПА.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата