Мечка уби мотоциклист во Романија- полицајците занемеле кога ги виделе снимките во неговиот телефон

3.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мечка уби мотоциклист во Романија- полицајците занемеле кога ги виделе снимките во неговиот телефон

Телото на несреќниот човек било пронајдено во длабока јама и однесено во Институтот за судска медицина на преглед.

Мотоциклистот немал никаква шанса

Мотоциклистот бил дел од група што патувала кон езерото Балеа. Тие наводно ги запреле мотори покрај патот кога дошла мечката.

Еден од мажите бил нападнат и влечен кон шумата. Неговиот мотоцикл со италијански регистарски таблички бил пронајден покрај патот, со ракавици, додека неговиот телефон бил забележан во јамата.

Спасувачите подоцна го пронашле безживотното тело. Дивата ѕверка го одвлекла несреќниот човек во ров длабок 40 метри, па затоа немал никаква шанса да се спаси.

Мечката подоцна била убиена

Телото го извлекле пожарникари и планински спасувачи, со присуство на вооружени жандарми и претставници на Управата за шумарство, бидејќи се претпоставувало дека мечката е сè уште во близина на својот плен.

Жандармеријата подоцна ја убила мечката

Според „Обсерватор“, полицијата ги пронашла последните фотографии на телефонот на жртвата, кои тој ги направил пред нападот. Мотоциклистот наводно се обидел да му се приближи на дивиот ѕвер за да го нахрани.

Трагедија во ловиштето „Арефу 5“

Фотографиите и видеото наводно покажуваат дека мечката се приближува сè повеќе кон него, додека Италијанецот се обидува да му даде храна од неговата рака.

Трагичниот инцидент се случил во ловиштето „Арефу 5“, кое го управува Шумарската управа на Аргеш. Властите велат дека во оваа област има 112 мечки.

Предупредување за граѓаните и туристите

Во регионот Трансфагарасан, известува „Романија Инсајдер“, најмалку 20 предупредувачки знаци, вклучително и оние на англиски јазик, се поставени на точки идентификувани како ризични поради диви ѕверови.

Средбите со мечки не се невообичаени во Романија, со оглед на тоа што е дом на една од најголемите популации на кафеави мечки во Европа. Министерството за заштита на животната средина проценува дека во земјата живеат помеѓу 10.419 и 12.770 единки.

Експертите ги повикуваат граѓаните и туристите да одржуваат безбедно растојание доколку се сретнат со мечки и да не се обидуваат да ги хранат или фотографираат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата