Стотици илјади луѓе присуствуваат на погребот на поранешната премиерка на Бангладеш

31.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стотици илјади луѓе присуствуваат на погребот на поранешната премиерка на Бангладеш

Привремената влада, предводена од Мухамед Јунус прогласи тридневна жалост, а знамињата на сите владини згради се спуштени на половина копје.

Зија 41 години беше на чело на Националистичката партија на Бангладеш (БНП). Таа беше првата жена премиер и двапати раководеше со Бангладеш – од 1991 до 1996 година и од 2001 до 2006 година. Таа во 90-тите години од минатиот век го доби епитетот „бескомпромисна лидерка“.

Зија во 2018 година беше осудена на 17 години затвор во два случаи за поткуп, а одлежа четири години. Зија беше ослободена од затвор во 2022 година поради нејзината здравствена состојба, но под услов да не патува во странство или да не учествува во политички активности. Нејзината партија тврди дека обвиненијата биле политички мотивирани. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата