Властите го предупредија локалното население и туристите да се оддалечат од кратерот најмалку четири километри. Тие стравуваат дека обилните дождови и вулканската активност би можеле да ја отежнат евакуацијата на жителите на три села, лоцирани на два километра од вулканот.
Според Геолошката агенција на Министерството за енергетика и минерални ресурси синоќа е забележани зголемена активност и повеќе вулкански потреси кои се почувствувале во радиус од пет километри.
Индонезија е лоцирана во така наречениот Тихоокеански огнен прстен, каде вулканската активност и земјотресите се честа појава. Во земјата има 127 активни вулкани.
Indonésia eleva alerta após aumento de atividade no vulcão BurNi Telong https://t.co/rP45ChbnHd
— SIC Notícias (@SICNoticias) December 31, 2025

