Стармер и Трамп разговарале за Блискиот Исток и Ормускиот теснец

16.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стармер и Трамп разговарале за Блискиот Исток и Ормускиот теснец

Како што пренесува британскиот весник „Скај њуз“, двајцата лидери разговарале за важноста од повторното отворање на Ормускиот теснец со цел да се анулира застојот во светскиот поморски транспорт што, како што се посочува во деталите од разговорот „резултирало со зголемување на трошоците ширум светот“.

„Премиерот исто така изрази сочувство до американските војници кои ги загубија животите за време на конфликтот. Двајцата соговорници согласни дека ќе бидат во контакт“, се наведува во соопштението на „Даунинг стрит 10“.

Британскиот весник „Дејли телеграф“ претходно објави дека Стармер размислува да испрати неколку илјади дронови-пресретнувачи на Блискиот Исток. за да помогне во повторното отворање на Ормускиот теснец и да ги зајакне британските одбранбени воени капацитети во регионот.

Портпарол на британското Министерство за одбрана изјави за „Скај њуз“ дека офицјален Лондон моментално разговара со сојузниците за низа опции со цел да се обезбеди безбедност на пловидбата во регионот на Блискиот Исток.

Трамп вчера изрази надеж дека земји како Франција, Велика Британија, Јапонија и Кина ќе испратат бродови за да помогнат во повторното отворање на Ормускиот теснец и повторно вопооставување на транспортите нафта. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата