Среде ресторан пред вџашените гости е ликвидиран претседател на фудбалски клуб (Вознемирувачко видео)

29.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Среде ресторан пред вџашените гости е ликвидиран претседател на фудбалски клуб (Вознемирувачко видео)

Јадел чорба кога бил застрелан од 17-годишно момче, објави Хуриет.

Тунџај Мерик, поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Алемдаг Спор, е застрелан во средата вечерта во ресторан во Истанбул. Бруталното убиство е снимено со безбедносните камери на ресторанот.

Видеото го прикажува Мерик како седи на маса и јаде чорба кога еден помлад маж ладнокрвно му се приближува и го пука во главата од блиску. Убиецот потоа бега од ресторанот.

Камерите ја снимиле главата на Мерик како паѓа напред во чинијата, што потоа се полни со неговата крв.

Видеото е вознемирувачко:

Веднаш по убиството, полицијата започна масовна потрага по напаѓачот. Според министерот за внатрешни работи, 17-годишниот осомничен бил уапсен додека се обидувал да избега од земјата. Тој бил пронајден во Едрене и уапсен. Со него бил приведен и 64-годишен маж, кој е обвинет дека го криел убиецот во својата куќа и му помогнал да избега од Турција.

Властите објавија дека е во тек истрага за да се утврдат мотивите зад ваквото грозоморно злосторство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата