Рекордни над 11.000 Палестинци се во израелски притвор, повеќе од половина без судска постапка

2.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рекордни над 11.000 Палестинци се во израелски притвор, повеќе од половина без судска постапка

Според организацијата, која добива информации од затворската управа, повеќе од половина од притворениците се задржани без редовна судска постапка: 3.577 како административни притвореници и 2.662 како „нелегални борци“. Мнозинството од нив се уапсени во текот на конфликтот во Газа, што започна пред речиси две години со нападот на Хамас врз Израел.

Административниот притвор овозможува задржување на лица поради безбедносни причини во период од шест месеци или подолго без поднесување официјални обвиненија. Оваа мерка главно се темели на разузнавачки информации, до кои ниту притворените ниту нивните адвокати немаат пристап, што ја отежнува нивната одбрана.

Борците за човекови права со децении бараат Израел да ја прекине оваа практика, но израелската безбедносна служба „Шин Бет“ ја оправдува како неопходна алатка во борбата против тероризмот.

Весникот „Џерусалем пост“ наведува дека сегашниот број административни притвореници е околу трипати повисок од времето на втората Интифада (2000–2005), кога се случуваа постојани палестински напади.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата