Сомнителен инцидент во воз во Токио- три лица завршиле во болница

10.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сомнителен инцидент во воз во Токио- три лица завршиле во болница

Пожарникарите го прегледаа возот, кој бил запрен на станицата Кавасаки во префектурата Канагава, но не бил откриен штетен гас, објави Кјодо.

Тројцата се пожалиле дека се чувствуваат лошо, но не се верува дека нивната состојба е опасна по живот.

Според железничкиот оператор JR East, возот тргнал од градот Одавара во префектурата Канагава и бил на пат кон градот Такасаки во префектурата Гунма.

Инцидентот е пријавен околу 16:30 часот, додека возот се движел помеѓу станиците Јокохама и Кавасаки.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата