Смртоносен пожар во Јапонија: Уништени најмалку 170 куќи

19.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Смртоносен пожар во Јапонија: Уништени најмалку 170 куќи

Најмалку 170 домови се оштетени или изгорени, а еден маж на околу 70 години е исчезнат, соопшти Јапонската агенција за управување со пожари и катастрофи. Пожарот избувна по силниот ветер во вторникот вечерта во близина на рибарското пристаниште во градот Оита и се прошири во шумата. Оита се наоѓа на јужниот главен остров Кјушу. 

До пладне, снимките од јапонската телевизија покажаа чад кој и натаму се издига од делови од земјиштето исполнето со изгорени и оштетени куќи, иако портокаловиот пламен повеќе не беше видлив. Една жителка изјави за новинската агенција Кјодо дека брзо избегала без многу од своите работи бидејќи пожарот „се проширил за момент“.

Десетици противпожарни возила и повеќе од 200 пожарникари беа мобилизирани за да се борат со пожарот, кој сè уште не беше целосно под контрола речиси 20 часа откако избувна.

Копнените сили за самоодбрана испратија два воени хеликоптери УХ1 да се приклучат во напорите за гаснење на пожарот. Во соопштение објавено на мрежата X, премиерката Санае Такаичи изрази сочувство до погодените од пожарот и вети дека ќе им „пружи максимална поддршка“.

Повеќе од 170 станбени објекти беа евакуирани од страна на локалните властиФотографија: Oita Prefectural Government/AFP

Бројот на згради и големината на областа зафатена од пламените јазици го прават овој пожар најголемата урбана огнена стихија во Јапонија од пожарот во Саката во 1976 година. 

Во 2016 година, пак, пожар во Итоигава изгоре 147 згради и околу 40.000 квадратни метри. Тогаш немаше жртви.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата