Иран го ослободи запленетиот танкер за нафта „Талара“ и 21- члениот екипаж

19.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран го ослободи запленетиот танкер за нафта „Талара“ и 21- члениот екипаж

На бродот „Талара“, кој пловеше под знамето на Маршалските Острови, му беше дозволено да продолжи со нормалните операции денеска рано утринава, наведе во соопштение компанијата „Columbia Shipmanagement“.

Во соопштението се наведува дека 21-члениот  екипаж е „безбеден и во добро расположение“, додава германската агенција.

Не се покренати обвиненија против бродот, неговиот екипаж, сопствениците или менаџментот, се додава во соопштението.

Иранската страна, исто така, го потврди ослободувањето. Танкерот беше ослободен по судска наредба и се очекува да ги напушти иранските води уште денеска, објави иранскиот новински портал Khabarfoori, повикувајќи се на претставници од иранското Министерство за надворешни работи.

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (IRGC) во саботата соопшти дека го запленил танкерот за нафта со 30.000 метрички тони петрохемиски производи на бродот, потсетува ДПА.

Бродот „Талара“, што беше на пат кон Сингапур, потоа беше упатен од иранските власти кон пристаништето Макран, во Заливот, за истрага на можни прекршувања, соопшти ИРГК.

Мерката беше преземена како дел од законските обврски и за заштита на националните интереси, додаде ИРГК. 

ИРГК претходно задржуваше странски танкери во Ормутскиот теснец,а најчесто политичките мотиви играа улога во тие постапки, потсетува ДПА.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата