Си-Ен-Ен: Трамп станува сѐ понетрпелив поради начинот на кој Иран ги води преговорите

12.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Си-Ен-Ен: Трамп станува сѐ понетрпелив поради начинот на кој Иран ги води преговорите

Претседателот на САД, Доналд Трамп станува сѐ понетрпелив поради начинот на кој Иран ги води преговорите за прекин на конфликтот, а во Белата куќа повторно сериозно се разгледува можноста за враќање на големи воени операции, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори блиски до администрацијата.

Според телевизијата, Трамп е особено бесен што Ормускиот теснец и натаму останува затворен, додека во исто време смета дека поделбите во иранското раководство го блокираат секој можен напредок во разговорите за нуклеарната програма.

Последниот одговор што пристигнал од техеран, трамп јавно го оцени како „целосно неприфатлив“ и „глупав“, по што дел од американските функционери почнаа да се сомневаат дали иран воопшто сака сериозно да преговара.во самата американска администрација, според Си-Ен-Ен, се создале две спротивставени струи.

Дел од функционерите, меѓу кои и луѓе од Пентагон, бараат поагресивен пристап и нови таргетирани воздушни удари со цел дополнително да се ослабне позицијата на Техеран и да се принуди Иран на отстапки.

Од друга страна, дел од советниците и понатаму инсистираат дипломатијата да добие уште една шанса пред евентуална нова воена ескалација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата