Шпанија планира целосно ембарго на оружје за Израел

7.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шпанија планира целосно ембарго на оружје за Израел

Весникот, повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека владата во Мадрид подготвува забрана на сите директни и индиректни договори за оружје или воена технологија со израелски јавни и приватни компании, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Владата на премиерот Педро Санчез во последните месеци откажа неколку значајни договори со израелски фирми. Според „Ел Паис“, новата мерка треба да стапи во сила веднаш оваа недела и ќе биде усвоена со кралски декрет.

Шпанија е долгогодишен критичар на израелската политика кон Палестинците. Минатиот месец, во шпанскиот парламент, Санчез ја нарече израелската држава „геноцидна“.

Министерот за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, во јули изјави дека Шпанија ќе побара „непосредна суспензија“ на договорот за соработка меѓу Европската Унија и Израел, како и дека ќе ги повика партнерите да воведат ембарго.

Шпанија веќе го налути Израел со признавањето на палестинската државност во мај 2024 година, кога им се придружи на Ирска и Норвешка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата