Шок во Британија: Стармер поднесе оставка

17.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шок во Британија: Стармер поднесе оставка

„Кир Стармер им кажал на своите блиски пријатели дека има намера да ја напушти функцијата премиер“, се наведува во статијата на „Дејли меил“.

Според неименуван извор за британскиот дневен весник, премиерот ја разбира политичката ситуација што се развила во земјата и сака достоинствено да ја напушти функцијата, но сè уште не е јасно кога точно ќе биде објавена оваа одлука.

Во мај, речиси стотина пратеници го повикаа премиерот Стармер да поднесе оставка по поразот на лабуристите на локалните избори.

Неколку владини претставници, вклучувајќи го и министерот за здравство Вес Стритин, кој се смета за клучен ривал на Стармер, поднесоа оставки во знак на протест.

Како што претходно објави „Телеграф“, градоначалникот на Манчестер, Енди Бернам, кој се смета и за противник на актуелниот лидер на лабуристите, има намера да се кандидира за парламентот, што би му овозможило да се бори за премиерската функција.

Извор: Б92

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата