Северна Кореја потврди дека извршила тестирања на балистички ракети

20.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Северна Кореја потврди дека извршила тестирања на балистички ракети

„Пет тактички балистички ракети, истрелани кон целна зона лоцирана околу остров на оддалеченост од околу 136 километри, погодиле површина од 12,5 до 13 хектари со многу висока густина, целосно демонстрирајќи ја својата борбена моќ“, соопшти севернокорејската државна агенција КЦНА.

Тестирањето било спроведено под директен надзор на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун,а е продолжение на серија пробни гаѓања извршени изминатите неколку седмици со балистички ракети, противбродски крстосувачки ракети и касетна муниција.

Според државната агенција КЦНА, Џонг-ун нагласил дека „развојот и воведувањето на различни боеви глави за касетни бомби може да го засили капацитетот за напади со висока густина, овозможувајќи неутрализирање конкретни целни зони, како и прецизни удари“.

Северна Кореја од почетокот на оваа година досега извршила најмалку шест тестирања на балистички ракети, независно забраната за такви активности изречена од Обединетите нации.

Јужна Кореја вчера соопшти дека биле детектирани тестирањата, повикувајќи го Пјонгјанг да прекине со „провокации“ и да се насочи кон патот на „мирот“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата