Израел почна и копнена офанзива против Хезболах во јужен Либан, по размената на оган во изминатите три дена.
Иран со беспилотни летала ја погоди американската амбасада во Саудиска Арабија, но за среќа во нападот нема жртви затоа што амбасадата била празна.. Американски авиони возвратија и го погодија претседателскиот кабинет во Техеран.
Според американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на дипломатијата Марко Рубио, оваа операција морала да се случи. На иста линија е и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху кој вели дека доколку не се преземела акција, иранскиот режим на масовни убиства би имал можност за акција во иднина.
-Оваа операција мораше да се случи, бидејќи Иран за година или година и половина би ја поминал рамката на имунитетот. Значи би имале многу ракети со краток отстрел, многу дронови за кои никој не би можел ништо да направи бидејќи би можеле да го држат целиот свет во заложништво.Нема да кажам детали за нашите тактички напори, но најсилните удари од американската војска допрва доаѓаат. Во следната фаза ќе има уште поголема казна за Иран отколку што е сега. Некој од вас викаше „Колку ќе трае?“. Не знам колку ќе трае, имаме цели. Ќе го правиме ова толку долго колку што е потребно за да ги достигнеме тие цели. Марко Рубио - Министер за Надворешни Работи на САД.
-Ако сега не беше преземена акција, немаше да може да биде преземена и во иднина и ќе можеше (Иран) да цели кон Америка, ќе можеше да ја уценува, ќе ни се закануаше на нас (Израел) и на сите останати,- Бенјамин Нетанјаху .
Последните информации на црвената полумесечина е дека бројот на жртви изнесува речиси 800. Денеска во Иран се одржа и погребната церемонија за повеќе од 180 луѓе, меѓу кои 168 ученички кои загинаа на првиот ден од американско-израелските напади врз Иран.

Министерот за надворешни работи, Абас Аракчи ги обвини САД и Израел за убиените ученички, од кои најмладите биле седум години. Вели си ги бранат своите луѓе на секој можен начин и ги обвини САД и Израел за започнување непотребна војна.
-Ние се браниме нас и нашите луѓе на секој можен начин. Наместо се врши притисок на Исламската Република за нападот на американските бази во нашата земја, би требало да се врши притисок на Америка за оваа започната нефер, илегална војна без било каква причина,- Аракчи .
Американските власти ги повикаа своите државјани да ги напуштат сите земји на Блискиот Исток.

