Рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“ пристигна на Куба со 100.000 тони нафта

30.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“ пристигна на Куба со 100.000 тони нафта

Бродот чека на истовар во пристаништето Мансас.

САД дозволија рускиот танкер за нафта да се приближи до Куба, а на крајбрежната стража на САД не ѝ беше наредено да го пресретне бродот, иако има бродови во регионот способни за таква операција. Со ова се избегна можна директна конфронтација со Русија во близина на американскиот брег.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „нема проблем“ со рускиот танкер за нафта крај брегот на Куба.

- Имаме танкер таму. Немаме проблем со тоа некој да добие танкер со нафта затоа што им е потребна... тие мора да преживеат - им рече Трамп на новинарите во авионот „ер форс уан“ додека патуваше од Флорида кон Вашингтон.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата