Русија ноќеска соборила 140 украински дронови, украина ги користеше ракетите „Сторм шедоу“

27.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија ноќеска соборила 140 украински дронови, украина ги користеше ракетите „Сторм шедоу“

Според првичните информации  нема повредени, во нападот се оштетени неколку згради, вклучувајќи ја регионалната канцеларија на централната банка и осумкатна станбена зграда.

Ракетите „Сторм Шедоу“ се произведуваат од француско-британски конзорциум. Русија, ги повика британскиот и францускиот амбасадор во знак на протест против употребата на оружјето од страна на Украина.

Одделно, две лица се ранети во јужниот руски пристанишен град Таганрог, источно од границата со Украина, откако Русија собори ракета рано утрово.

Вкупно, Русија ноќеска  соборила 140 дронови , соопшти новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на руското министерството за одбрана.во руските напади врз украинските региони Дњепропетровск и Запорожје повредени се 21 лице, соопштија локалните власти на телеграм.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата