Русија и САД разговараат за нова размена на затвореници

18.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија и САД разговараат за нова размена на затвореници

Неименуван американски официјален претставник ја потврдил отвореноста на САД за идејата, но предупредил дека не е постигнат непосреден договор.

Разговорите се одржале за време на посетата на Дмитријев на САД од 24 до 26 октомври. Дмитријев, кој управува со рускиот суверен фонд и има улога во дипломатијата околу Украина, рекол дека се сретнал со американски официјални лица и членови на тимот на претседателот Доналд Трамп со кои разговарал за хуманитарни прашања, вклучувајќи ги и можните размени.

Според „Аксиос“, враќањето на притворените Американци дома е приоритет за американскиот претседател, додека Кремљ се надева дека размената ќе покаже добри намери и ќе ја зголеми довербата меѓу двете земји.

Во моментов, најмалку осум Американци се наоѓаат во руски затвори. Ниту Дмитријев, ниту американскиот официјален претставник не прецизирале кои затвореници би можеле да бидат вклучени во потенцијалната размена.

САД претходно оваа година ѝ доставија на Русија список со девет американски државјани кои сакаат да бидат ослободени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата