Романија ќе купи француски системи за противвоздушна одбрана Мистрал

27.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Романија ќе купи француски системи за противвоздушна одбрана Мистрал

Министерството за одбрана на Романија денеска соопшти дека со Франција потпиша договор за купување на 231 преносни системи за противвоздушна одбрана Мистрал и 934 ракети, обука, симулатор и логистичка поддршка, во вредност од повеќе од 626 милиони евра.

Набавката е дел од заедничкиот договор со неколку други земји-членки на Европска Унија. Претходно набавката беше одобрена од романскиот Парламент во 2022 година.

Романија е членка на ЕУ и на НАТО, но дели граница од 650 километри со Украина. Изминатиот период повеќе пати беше нарушен романскиот воздушен простор од беспилотни летала.

Романската воздушна одбрана сега располага со авиони ловци Ф-16, системи Патриот, ракетни лансери Химарс, јужнокорејски ракети со краток дострел Хирон и германски противвоздушни топови Гепард.

Романија ќе соработува со Украина во производството на дронови преку механизмот за финансирање на одбраната на ЕУ и го завршува распоредувањето на американскиот систем за противвоздушна одбрана Меропс.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата