Најмалку 29 лица загинаа во свлечишта и поплави во Индонезија

27.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 29 лица загинаа во свлечишта и поплави во Индонезија

Најмалку 67 лица се повредени, а девет лица сè уште се водат како исчезнати, објави официјалната новинска агенција Ксинхуа.

Уништени се повеќе од 400 куќи, неколку мостови и разни јавни инфраструктурни објекти, а повеќе од 7.000 жители биле принудени да ги напуштат своите домови и да побараат засолниште, се вели во соопштението на индонезиските власти.

Во регионите Мандаилинг Натал, Јужен Тапанули и Северен Тапанули во Индонезија е прогласена вонредна состојба, соопшти агенцијата.

Континуираните обилни дождови од 22 до 25 ноември предизвикаа излевање на реките, предизвикувајќи поплави и лизгања на земјиштето во Централен Тапанули, Сиболга, Мандаилинг Натал, Јужен Тапанули, Северен Тапанули, Јужен Нијас и Падангсидимпуан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата