Резервоар со 300.000 литри течност пукна во фабрика во САД, има загинати

27.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Резервоар со 300.000 литри течност пукна во фабрика во САД, има загинати

Неколку лица загинаа, а неколкумина се сериозно повредени во пожар во фабрика во Лонгвју, во близина на границата на државата Вашингтон со Орегон во северозападниот дел на САД, соопштија локалните власти во вторник. Противпожарната служба на Лонгвју, во заедничка изјава со „Нипон Дајнавејв Паккинг“ и локалните власти, потврди дека во инцидентот имало жртви и повеќекратни тешки повреди. Точниот број на жртви сè уште не е објавен.

Службите за итни случаи реагираа на местото на настанот откако сад што содржел бела течност пукна и течноста се излеа во кругот на фабриката.

„Во овој момент, официјалните лица велат дека нема непосредна закана за околната заедница“, се додава во соопштението.

Фабриката во Лонгвју, Вашингтон, е во сопственост на Nippon Dynawave Packaging, подружница во целосна сопственост на јапонската мултинационална Nippon Paper Industries Co., Ltd. Компанијата произведува картонска амбалажа за течности.

Шефот на противпожарната и спасувачка служба на Каулиц, Скот Голдштајн, рече дека бројот на жртви сè уште не е утврден, додека 10 лица се потврдени повредени во несреќата, вклучувајќи еден пожарникар.

Според него, повредите се движеле од полесни до исклучително сериозни и опасни по живот. Тој додаде дека пукнатиот сад имал капацитет од околу 300.000 литри и бил полн околу 60 проценти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата