Според податоците од анкетата, 46 проценти од Французите го поддржале повикот земјата да биде блокирана на 10 септември, додека 28 проценти од испитаниците биле против тоа, а 26 проценти од нив биле рамнодушни кон прашањето, објавува весникот „Трибјун Диманш“ (La Tribune Dimanche).
Првата причина за поддршка на блокадите би била падот на куповната моќ, според анкетата спроведена од Ипсос и фирмата BVA, заедно со Колеџот за инженерство (CESI) на примерок од 1.000 граѓани над 18 години.