Продолжена одлуката за евакуација на жителите на селото Акротири во непосредна близина на британските бази на Кипар

9.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Продолжена одлуката за евакуација на жителите на селото Акротири во непосредна близина на британските бази на Кипар

Селото беше евакуирано минатата седмица веднаш по нападот со беспилотно летало, а жителите се во привремено сместување или кај нивни роднини.

Од Министерството за внатрешни работи на Кипар денеска информираа дека одлуката ќе биде во сила до петок, кога одново ќе се разгледа врз основа на процената на состојбата.

Претпладнево повторно беа активирани сирените кај британските воени бази, меѓутоа не беше откриено ништо сомнително или каква било закана.

Портпаролот на Генералната дирекција на Цивилната одбрана на Кипар, Панајотис Лиасидис во четвртокот за МИА рече дека во понудениот привремен престој, сместени се околу 250 лица.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата