Претседателот на Бразил, Силва, во посета на Шпанија

17.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претседателот на Бразил, Силва, во посета на Шпанија

Предвидено е Силва на средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез да потпише неколку договори за соработка во областа на земјоделството, технологијата и социјалната политика.

Силва утре ќе се сретне со лидерите на повеќе земји од Јужна Америка на IV состанок за одбрана на демократијата.

Конференцијата беше заеднички формирана од Шпанија и Бразил во 2024 година како форум за размена на идеи за борба против, како што тврдат организаторите, „екстремизмот, поларизацијата и дезинформациите“, што ја поткопуваат партиципативната демократија.

На конференцијата ќе учествуваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, претседателот на Јужна Африка и на Колумбија, Сирил Рамафоса и Густаво Петра, како и други функционери.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата