Популарно туристичко летувалиште воведува високи казни за сите родени по 2006 година, може да платат и до 2.800 евра

3.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Популарно туристичко летувалиште воведува високи казни за сите родени по 2006 година, може да платат и до 2.800 евра

Имено, на секое лице родено по 1 јануари 2007 година ќе му биде забрането да купува, консумира и продава цигари на островот, објави Министерството за здравство.

Со оваа одлука, Малдивите станаа првата земја во светот што го забрани тутунот за одредени генерации.

„Забраната се однесува на сите форми на тутун“, се вели во соопштението на Министерството.

Продавачите се должни да ја проверат возраста на клиентите пред да продаваат тутунски производи. Секој што продава тутун на малолетници се соочува со казна од 50.000 рупии (околу 2.800 евра). За употреба на електронски цигари, казната е 5.000 рупии, што е околу 280 евра.

Правилата важат и за туристите

Според соопштението на Министерството за здравство, забраната важи и за туристите кои доаѓаат да ги посетат островите.

Малдивите се составени од повеќе од илјада мали острови, а земјата е популарна дестинација за луксузни патувања и летувалиште за туристите од целиот свет поради своите бели песочни плажи.

Слична забрана моментално се разгледува во Велика Британија. Во обид да се создаде „генерација без чад“, британската влада воведе забрана за пушење во ноември 2024 година.

Нов Зеланд беше првата земја во светот што воведе таква забрана, но ја укина во ноември 2023 година, помалку од една година откако беше воведена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата