Полска го затвора последниот руски конзулат во земјата - во Гдањск

19.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полска го затвора последниот руски конзулат во земјата - во Гдањск

Повлечено е одобрението за работа на оваа дипломатска мисија, изјави министерот Шикроски во Варшава, пренесе ДПА. 

Полска, исто така, ќе преземе понатамошни чекори „од недипломатска природа“ по инцидентот, но министерот не даде никакви детали за постапките што ќе следат.

Полската влада ги обвинува руските разузнавачки служби дека стојат зад уништувањето на пругите на линијата од Варшава до Лублин, потсетува ДПА.

Експлозијата се случи во близина на селото Мика, околу 100 километри југоисточно од главниот град. Во неа никој не беѓе повреден бидејќи машиновозачот навреме ја забележал штетата и ја пријавил.

Истражителите бараат двајца осомничени - украински државјани за кои се вели дека дејствувале во името на Москва и избегале во Белорусија по нападот, потсетува германската агенција.

Ова означува значителна ескалација на дејствијата на Русија, рече Шикорски.

„Саботажа е кога е оштетен имот. Ако намерата е да се убијат луѓе, тоа повеќе не е саботажа, туку државен тероризам“, изјави министерот.

Рускиот генерален конзулат во северниот пристанишен град беше последната преостаната институција од ваков вид во Полска. Полска во мај го затвори конзулатот во Краков по обвинувањата за палење против руската разузнавачка служба. Конзулатот во Познањ беше затворен во 2024 година од истата причина.

Шикорски нагласи дека, како и другите земји од ЕУ погодени од дејствијата на руската тајна служба, Полска нема намера да ја затвори руската Амбасада во Варшава и да ги прекине дипломатските односи со Москва.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата