Видео: Вооружени напаѓачи убија две лица и киднапираа пастор и верници во црква во Нигерија

19.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Вооружени напаѓачи убија две лица и киднапираа пастор и верници во црква во Нигерија

Нападот се случи само неколку дена откако 25 девојчиња беа киднапирани од интернат во едно средно училиште.

Нападот, што се случи синоќа во градот Еруку, во централна Нигерија, создава дополнителен притисок врз владата, која е цел на критика и е под надзор од американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ се закани на земјата со воена акција поради прогонот на христијаните. 

Нигерискиот претседател Бола Тинубу му нареди на потпретседателот Кашим Шетима денеска да ја посети северозападната држава Кеби за да им изрази сочувство на владата и семејствата на ученичките кои беа киднапирани претходно оваа недела и да ги увери во нивното безбедно враќање, објави националната новинска агенција НАН.

Во соопштението, претседателот, исто така, и изрази сочувство на војската за смртта на бригадниот генерал Муса Уба и другите војници убиени во државата Борно.

Тинубу изрази жалење поради киднапирањето на ученичките, кое се случи и покрај предупредувањата на разузнавањето за можни бандитски напади.

Тој го пофали гувернерот Насир Идрис за напорите направени за спречување на инцидентот.

Претседателот ги повика заедниците, особено во областите со безбедносни проблеми, да споделуваат информации со органите за спроведување на законот и вооружените сили за да се подобри ситуацијата.

Тој рече дека безбедносните сили не можат оптимално да функционираат без активна соработка со граѓаните и локалните заедници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата