Пакистан осуди на доживотен затвор седум лица, меѓу кои тројца новинари за „повикување на насилство“

2.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пакистан осуди на доживотен затвор седум лица, меѓу кои тројца новинари за „повикување на насилство“

Судијата на судот за борба против тероризмот, Тахир Абас Сипра, ја објави пресудата во Исламабад, а ниту еден од обвинетите не беше присутен, бидејќи сите осудени сега живеат надвор од Пакистан.

За време на насилните немири во мај 2023 година, по апсењето на поранешниот премиер Имран Кан, кој беше сменет од власт со изгласување недоверба во Парламентот во април 2022 година, илјадници негови приврзаници нападнаа воени објекти, палеа државни згради, ја ограбија резиденцијата на висок воен офицер и ја оштетија зградата на државното Радио Пакистан.

Кан во 2024 година беше обвинет за поттикнување насилство врз војската и државните службеници, што тој го негираше.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата