Нетанјаху на првата прес-конференција од почетокот на војната: Израел ги „дроби“ Иран и Хезболах

12.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху на првата прес-конференција од почетокот на војната: Израел ги „дроби“ Иран и Хезболах

- Го дробиме терористичкиот режим во Иран. Ги удираме и ги поразуваме неговите сојузници – Хезболах во Либан – им изјави тој на израелските новинари на Зум конференција, пренесе Тајмс оф Израел.

- Хезболах ја чувствува силата на нашата рака, а ќе ја почувствува уште повеќе. Ќе плати многу тешка цена за својата агресија – предупреди Нетанјаху.

- Преку невидено обединување на силите меѓу Израел и Соединетите Американски Држави, постигнавме огромни достигнувања – достигнувања кои го менуваат балансот на моќта на Блискиот Исток, па дури и надвор од него – рече Нетанјаху.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата