Нетанјаху им предлагал напад врз Иран на неколку претходни американски претседатели, сите одбиле, изјави поранешниот државен секретар Џон Кери

12.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху им предлагал напад врз Иран на неколку претходни американски претседатели, сите одбиле, изјави поранешниот државен секретар Џон Кери

Во интервју за „МС Нау“, Џон Кери рече дека Нетанјаху им презентирал планови за напад на Џорџ В. Буш, Барак Обама и Џо Бајден, кои не ги одобриле. Тој тврди дека само сегашниот претседател Доналд Трамп дал одобрение.

„Премиерот Нетанјаху во основа истакна четири точки: дека тие можат да го убијат раководството, да доведат до промена на режимот, да ја уништат војската итн. ...Па, тие јасно нанесоа големи загуби на војската, веројатно го потопија поголемиот дел од флотата, нашите момци се добри во тоа...“, рече поранешниот државен секретар, додавајќи: „Но, факт е дека немаше непосредна закана“.

Тој, исто така, ја критикуваше одлуката на Трамп да се повлече од нуклеарниот договор со Иран, договорен под Обама, нагласувајќи дека тоа ја поткопало довербата на Техеран во Вашингтон.

„Иран сега чувствува дека не може да им верува на САД“, нагласи Кери, додавајќи дека верува оти постои можност за дипломатски дијалог. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата