Најмалку осум загинати и 12 повредени во тешка автобуска несреќа во Бразил

27.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку осум загинати и 12 повредени во тешка автобуска несреќа во Бразил

Еден од повредените подоцна почина во болница, соопштија локалните власти.

Автобуската несреќа се случила во петокот вечерта, на околу 15 километри од Иракувара, Бразил. Автобусот патувал од Форталеза, во државата Сеара, до Палмас, во државата Токантинс, објави „Глобо“.

Спасувачките екипи извлекле три тела од остатоците, додека уште четири биле пронајдени откако автобусот бил подигнат. Меѓу загинатите има двајца мажи, жена и дете.

Повредените биле згрижени на местото на настанот. Дванаесет лица биле однесени во Регионалната болница во Сеабра, а уште едно било згрижено во градската болница во Иракувара.

Двајцата возачи на автобус не биле повредени. Причината за несреќата сè уште не е утврдена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата