Најмалку 15 луѓе загинаа при потонување на ферибот на Филипини

26.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 15 луѓе загинаа при потонување на ферибот на Филипини

Фериботот „Триша Керстин 3“ испловил од градот Замбоанга за јужниот остров Холо во провинцијата Сулу со 332 патници и 27 членови на екипажот, а потона на околу два километра од брегот.

Во спасувачката мисија вклучени се бродови на крајбрежната стража, воената морнарица, авион за набљудување, хеликоптер, како и рибарски чамци.

Поморските несреќи се релативно чести на Филипините поради честите бури, лошо одржуваните бродови, преоптоварувањето и лошото спроведување на прописите. Во декември 1987 година, фериботот „Доња Паз“ потона откако се судри со танкер на Филипините, при што загинаа повеќе од 4.300 луѓе. Тоа е најголемата мирновременска поморска несреќа во историјата. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата