Авионот „Бомбардиер Челинџер 600“ (Bombardier Challenger 600) се урна околу 19 часот и 45 минути по локално време. Несреќата се случила кога Нова Англија, како и поголемиот дел од САД, се соочува со силна зимска бура.
Аеродромот соопшти дека службите за итни случаи се на местото на настанот и дека е затворен по „инцидент со авион што полетувал од аеродромот“.

Сè уште е непознато кон каде полетал авионот. Се претпоставува дека со авионот се превезувале пет лица, а другите биле членови на екипажот.
Меѓународниот аеродром Бангор е лоциран на околу 320 километри северно од Бостон и нуди директни летови до Орландо, Флорида, Вашингтон и Шарлот, Северна Каролина.
Поради зимската бура што ги погоди САД вчера се откажани повеќе од 11.000 летови, а речиси 5.500 доцнеле, во отежнати услови се одвива и копнениот сообраќај, а стотици илјади домаќинства се без електрична енергија. Аеродромите во Филаделфија, Вашингтон, Балтимор, Северна Каролина, Њујорк и Њу Џерси се меѓу најпогодените.
„Бомбардиер Челинџер 600“ е бизнис авион, кој може да превезува девет до 11 патници. Авионот е промовиран во 1980 година како прв приватен авион со „кабина за слободно движење“ и е популарна опција за чартер летови.

