Милитанти поврзани со Исламската држава убиле 66 цивили во Конго

13.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милитанти поврзани со Исламската држава убиле 66 цивили во Конго

Убиствата се случиле во областа Ируму, во близина на границата со Уганда, додека во тој дел на Конго сè уште се води војна против милитантите на М23, кои се поддржани од Руанда.

- Околу 30 цивили се убиени меѓу четврток и петок, 11 јули, во поглаварството Вонкуту, на територијата Ируму, во Итури. Врз основа на информации од цивилното општество, бројот на жртвите се зголеми од 31 на 66 убиени цивили, изјави Жан Тоби Окала, портпарол на мисијата на Обединетите нации во Итури во источен Конго. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата