Јордан испрати 50 камиони со хуманитарна помош за Газа

13.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јордан испрати 50 камиони со хуманитарна помош за Газа

Според агенцијата, камионите превезуваат прехранбени производи, главно брашно.

На снимките споделени на социјалните мрежи се гледа колона камиони кои се движат по копнен пат од Јордан, преку територијата на Израел, кон Газа, појаснува израелскиот весник. Сепак, се додава дека засега не е потврдено дали камионите веќе влегле на територијата на Појасот Газа.

Кон крајот на минатата недела, Европската Унија соопшти дека е постигнат договор за повторно отворање на повеќе хуманитарни коридори, вклучувајќи патишта за испорака на помош преку Египет и Јордан, како и неколку премини на северот и југот на Газа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата