Маж од грб избоде жена во Милано- воопшто не ја познавал (Вознемирувачко видео)

4.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маж од грб избоде жена во Милано- воопшто не ја познавал (Вознемирувачко видео)

Тој бил снимен како ѝ се приближува на Ана на плоштадот, додека таа оди меѓу две згради, и од никаде, ја избоде со кујнски нож меѓу плешките.

По грозоморниот напад, тој избега, а полицијата набрзо ја објави неговата фотографија. Тој бил уапсен благодарение на неговата сестра близначка, која го препозна од фотографиите и веднаш контактирала со најблиската полициска станица.

Според медиумите, В. Л. се криел во хотел и бил лоциран со помош на мобилниот телефон и снимки од безбедносни камери во градот.

Камерите на плоштадот го снимиле и моментот на нападот врз Ана.

Предупредување: снимката е многу вознемирувачка

За потсетување, Ана во агонија ја повикала полицијата, која брзо пристигнала на местото на настанот и затекнале ужасна сцена. Ана лежела, со сечилото заглавено меѓу нејзините плешки. Таа била однесена во болница со сериозни повреди, а нејзината состојба засега е непозната.

Медиумите јавуваат дека уапсениот В. Л. е роден во Бергамо и е осуден во 2015 година за речиси идентичен напад.

Во моментот на апсењето во хотелот, тој носел иста облека како и кога, без да биде предизвикан, ја избодел несреќната Ана во грб.

Првичните податоци од истрагата во Милано сугерираат дека В. Л. не ја познавал Ана од претходно, а мотивот за нападот сè уште е непознат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата