Кревко примирје меѓу Иран и Сад – што ќе донесат преговорите во Исламабад?

9.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кревко примирје меѓу Иран и Сад – што ќе донесат преговорите во Исламабад?

Трамп ја продолжува воинствената реторика со порака дека ако Иран не го исполни договореното, пукањето ќе се врати посилно од кое било досега. Главниот преговарач, потпретседателот Џеј Ди Венс обвини дека Иран манипулира со мировниот предлог, лажно презентирајќи непостоечки прашања.     

-Првиот предлог од 10 точки што беше поднесен, искрено, мислиме дека е веројатно е напишат од „Chat GPT“, доставен до Стив Витков и Џаред Кушнер, но веднаш заврши во ѓубре. Среќен сум за тоа каде сме. Мислам дека премиерот постигна добар договор за американскиот народ, но во основа, Иранците мора да го направат следниот чекор или претседателот има многу опции да се врати во војната. , изјави Џеј Ди Венс, потпретседател на САД

Воздржани тонови и во Иран пред средбата. 

-Нашите вооружени сили се во состојба на готовност. Спремни се да реагираат на секакво сценарио. Но, во меѓувреме, ќе одиме на преговори за да видиме колку е сериозна другата страна. , изјави Али Бахреини, амбасадор на Иран во ОН

Кревкото примирје втор ден е и во длабока сенка на досега најразорните израелски напади врз Бејрут, каде што загинаа над 250 луѓе и разгореа глобална осуда дека се крши меѓународното право додека САД и Израел тврдат дека земјата не опфатена со двенеделното примирје. Цената на нафтата повторно скокна по вчерашниот драстичен пад – од 92 на 97 долари за барел. Крајно неизвесен останува и статусот на Ормускиот теснец, на чие отворање се обврза Иран, но се уште не дозволува непречана пловидба токму како одговор на нападите врз Либан. Според експертите, Ормус ќе биде една од најжешките теми во преговорите и во моментов главен адут на Техеран, кој ја има целосната контрола врз клучната светска нафтена рута. 

-Ако тие (Иран) успеат да го убедат меѓународниот свет, предводен од САД, да прифати некаков протокол што им дава некаков статус врз теснецот, ќе биде огромна победа за нив во иднина. Тоа ќе биде голем удар за поморското право, бидејќи има многу теснеци кои мораат да бидат отворени за доброто на светската економија. , изјави Мајкл Кларк, безбедносен аналитичар од Лондон

Проценките се дека во теснецот во моментов се заглавени 1.500 бродови. Европската Унија порача дека слободната пловидба мора да биде бесплатна, откако Техеран сугерираше дека би можел да наплаќа такси за бродовите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата