Во акцијата се уапсени и двајца колумбиски државјани.
Оваа заплена доаѓа во време кога Костарика, која важеше за една од најбезбедните земји во Централна Америка, бележи пораст на криминалот поврзан со трговијата на дрога. Земјата регистрираше 16,6 убиства на 100.000 жители минатата година, што е двојно повеќе од просекот.
Вкупно 81 тон дрога е запленет во Костарика во периодот меѓу 2022 и 2024 година. Поради зголемената опасност, Вашингтон издаде предупредување за граѓаните на САД кои патуваат во оваа земја.
Како дел од борбата против наркотиците, во јуни, полицијата во Костарика го уапси поранешниот судија и поранешен министер за безбедност, Селсио Гамбоа, кој во моментов чека екстрадиција во САД поради трговија со дрога.

