„Капетанот на контејнерскиот брод пријавил штета веројатно предизвикана од неодреден проектил“, соопшти организацијата.
Инцидентот се случил 25 наутички милји (46 км) северозападно од Рас ал-Хаима во Емиратите, во близина на Ормускиот теснец. Нема жртви или повредени, а екипажот е безбеден, соопшти организацијата, објаснувајќи дека штетата сè уште се проценува.

